ЗЛАТЕН ДАБ И ПЕПСИ НА ДОФАТ НА ТЕТОВЧАНИ И ГОСТИВАРЧАНИ

Отворен регионален склад на Прилепска пиварница

Регионален склад во Тетово, во чиј состав е и дистрибутивниот пункт во Гостивар, отвори Прилепската пиварница. Од почетокот на март, сите производи, трговците може да ги набавуваат во новоотворениот современо опремен склад во Тетово, како и во пунктот во Гостивар. Со отворањето на објектите ќе се подобри снабдувањето со широкиот асортиман висококвалитетни производи. Во стартот се вработени 20 – на работници во Тетово и во Гостивар. Сега пивата Златен даб, Крали Марко и Туборг им се на дофат на пивопијците. Љубителите на безалкохолните освежителни пијалаци може да уживаат неизмерно во потврдениот вкус на Пепси, Севен ап, Газоза…

Отворањето на складот е дел од проектот за ширење на дистрибутивната мрежа и изградбата на нови складови низ поголемите потрошувачки центри во Македонија. Со тоа се зголемува ефикасноста во исполнувањето на зголемениот број нарачки во регионот.

Прилепската пиварница е добитник на голем број признанија и награди за константно високиот квалитет на производите.

Loading