ЗАЛИЧУВА АВТОБУСКАТА

Новата автобуска станица, на местото од противпожарната, почнува да го добива ликот. Поставен е костурот – челичната конструкција која ќе ги држи монтажните плочи. Интензивно е поставувањето, по што ќе следат останатите работи, занаетчиски на внатрешноста, дотерување, ставањето на стакло и други финеси.

Предвидено е автобуската да има шест перони за автобуси и комбиња, како и паркинг за автомобили. Локацијата дозволува место за маневри на автобусите, а не како во старата автобуска, кога едвај поминуваше поголем автобус. Во новата станица ќе има пристап за лица со хендикеп, билетарница, чекалница, како и други деловни простории.

Покрај автобуската веќе никнува и нова бензинска пумпа.    

Loading