ЕКСПЕРТИ НА ТРЕСКАВЕЦ

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј почнаа со заштита на манастирот “Трескавец”, кој е споменик на културата од 14 век. Годинава ќе се изработуваат проектите за конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот на црквата Успение на Пресвета Богородица, како и проектот за конзервација на камбанаријата, маѓерницата и на маѓерничкиот конак во овој значаен културно-историски споменик.

Паралелно се доработува проектот за санација, реконструкција и реставрација на опожарените конаци на манастирскиот комплекс, според насоките од Комисијата од Националниот конзерваторски центар заради поголема стабилност и зачувување на автентичноста на конаците. За интензивирање на градбата се изгради патот до манастирот, кој досега беше главниот проблем за посериозни конзерваторски зафати.

Манастирскиот комплекс Трескавец е значаен културно-историски споменик изграден под врвот Златоврв. Црквата е изградена на темели на ранохристијанска базилика. 

Loading