ПАРК И ПАРКИНГ ЗАД ГРАДСКА

Проект за паркинг со соодветна парковска инфраструктура и осветлување се подготвува за строгиот центар на градот зад некогашната градска кафеана. Ова место, каде уште се гледаат остатоците на поранешен ан, дивоизградени гаражи и други магацински простори, наскоро ќе биде претворено во модерно паркиралиште не само на жителите на околните станбени објекти и деловни згради, туку и за поширока употреба. Во тек се проекциите и се очекува за брзо време на виделина да излези архитектонското решение. Не е исклучена можноста за градба на мала монтажна челична гаража со приземје и кат. 

Loading