АМОРФЕН БАЗЕН ЗА СКЕЈТЕРИ

Ќе “куртули” урбаната опрема во градов, мермерните плочки, оградите од парковите, скалите пред институциите, затоа што наскоро скејтерите ќе добијат парк. Започнаа градежните активности кои просторот со површина од 1331 м2 пред Паркот на револуцијата ќе го претворат во пријатно катче каде часови за забава ќе може да минуваат љубителите на скејтборд, ролери или БМХ велосипеди.

Под бетон ќе бидат околу 900 м2, кои функционално ќе се поделат на дел за почетници кој што ќе го сочинуваат рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80 см. па се до 2 м. Одделен ќе биде просторот за искусни, кој што ќе биде базен со аморфна форма и со длабочина од 2 м. која што максимално се зголемува до 3 м. Бетонските површини меѓусебно ќе бидат поврзани со тревна површина.

Изградбата на скејт паркот е идеја од група млади луѓе.

Loading