БОНЧЕЈЦА СЕ ТОКМИ ЗА ЕЛИТЕН КВАРТ

Ренесанса ќе доживее околината на десетината станбени згради на населбата Бончејца, која е близу центарот. Не е утврден рокот на почетокот на работите, но идејниот проект на ЈП ПУП е готов и е доста импресивен. Визиите на архитектите ја превртуваат од корен  и современо го дизајнираат просторот според потребите на граѓаните и новите стандарди  за урбанизација. Во меѓувреме, на просторот се градело сé и сешто. Станале дуќанчиња гаражите, расфрлени кој каде ќе му текне и изградени од различни материјали, без да се води сметка за изгледот. Дел од импровизираните паркови се претвориле во паркиралишта, а делови простор се место за собирање на отпад, кој комуналците успеваат да го соберат и исчистат.

Во блиска иднина овој дел од градот ќе добие естетски уреден парк со фонтана и неколку патеки со клупи за одмор покрај нив. Планирано е и игралиште за баскет, како и решавање на паркирното прашање со обележани плацеви. Населбата ќе биде збогатена и со повеќе хортикултура, со дрвја, парковски површини, како бели дробови. За децата се предвидени игралишта. За да наликува Бончејца на мини Париз, фазно ќе оди уредувањето, бидејќи станува збор за “крупен залак”. Тревнатите површини постепено ќе се создаваат и главната атракција ќе се  неколкуте помали водоскоци. 

Loading