РИСТЕСКИ НА КАФЕ ВО ЕЛИТ КАФЕ

Менаџментот на бренд кафето Елит од фирмата Ројтем, кое го пијат околу 16 отсто од кафепијците во земјава и има тенденција да го вкусат и Словенците, беше домаќин на градоначалникот Марјан Ристески и на извршниот директор на Регионалната стопанска комора Ристо Најдоски. Локалните власти и бизнис заедницата ги анализираа амбиентот за бизнис, особено, можностите за поддршка на локалната самоуправа. Таткото на градот понуди потстрек во рамките на ингеренциите на локалната власт, а домаќините се заблагодарија на широкоградоста. Оценија дека е доволно присуството на Ристески како морална поддршка, зашто нивниот домен е надвор од локалните надлежности. Сопствениците Кире Тодороски и Марјан Костадиноски ги запознаа гостите со техничките и економските можности и капацитетите на фабриката за кафе со над 20 годишна традиција.

Посетата на Ристески на Ројтем е продолжение на серијата визити на првиот човек на градот на поголемите стопански субјекти во градот.

Loading