МАРШ ПО СТАПКИ ОД 1944-ТА

Јубилејот од седумдесет годинини за февруарскиот поход на македонските партизани во Втората Светска Војна пак традиционално се одбележа со организиран планинарски марш. Маршрутата од манастирот Св. Ѓорѓија сî до планината Мукос каде учесниците се поделија во две групи. Едната група преку планината Мукос  го посети спомен обележјето на паднатите борци, а другата се упати до селото Небрегово, а од таму и до манастирот Св. Атанас каде за сите учесници беше послужен ручек.

Градоначалникот Ристески го истакна значењето на овој датум кој  редовно се одбележува пригодно и изјави дека неговата историска димензија е подеднакво важна и за идните генерации.

Организатории беа Сојузот на борците, Локалната самоуправа на Прилеп и Долнени, Касарната и ЕПД Картуш.

Loading