БЕЗ НЕРВОЗА ПРИ СООБРАЌАЈКА

Возачите на моторни возила можат со помали маки и без нервоза да пребродат сообраќајка со примена на таканаречениот европски извештај. Овој образец што го даваат осигурителните компании на сите возачи при регистрацијата се пополнува на местото на несреќата каде  причинетата материјална штета е под 500 евра, а се пополнува и потпишува, откако ќе се отстранат возилата од улицата и ќе се овозможи непречен проток на сообраќајот.

За потешките случаи, уште е потребен увид од полиција. Тоа важи за сообраќајки со повредено или загинато лице, лица кои се под дејство на алкохол или психотропни супстанци, ако возилата не се во возна состојба, ако нема регистарски таблички или има странски. Потоа, европскиот извештај не се пополнува, ако еден од возачите нема соодветна документација или ако одбива да ги даде податоците или ако го напушти местото.

Осигурителните компании се грижат за помалите материјални штети на возилата, доколку не им се оштетени деловите за управување и сопирање.  

Loading