РЕДИЦА ЗА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУН

Неколку стотина тутунари од прилепско од раните утрински часови се наредени пред филијалата на Тутунска банка да ги подигнат парите од субвенциите од едно евро за тутун што веќе ги исплатила Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. Дознаваме дека Агенцијата платила 125 милиони денари за околу 2500 тутунари, главно од прилепско, кои го предале целиот лански род во некое од десетте откупуни претпријатија заклучно со 28 јануари. Прилепските тутунарите ќе добијат 20 милиони евра само од субвенции.

Инаку, во прилепско, долненско, кривогаштанско, крушевско, битолско и демирхисарско лани обработуваа тутун над 15 илјади семејства. Поголемиот дел веќе го предадоа родот, а дел уште се пред откупните пунктови.

Вкупното производство на тутун годинава во земјава се проценува на околу 30 илјади тони.    

Loading