ОБЕЛИСК СО ИМИЊА

Граѓаните со инвентивни идеи

Општинските функционери ги исслушаа идеите на граѓаните на 16-тото издание на проектот “Ден на идеи – Идеа плус за подобар Прилеп”.

Четворица прилепчани ги образложија идеите за поставување на камен – обелиск на кој би се врежала историјата на Прилеп и Македонија, потоа се понуди градба на Музеј Маркови Кули во Варош, идеја за организирање на интернационален стрип – фестивал и идеја за отворање на индустриски центар за развој на информатички комуникациски технологии.

Прифатени се идеите за “Спорт клуб” од Горан Апостоловски, “Семејството и училиштето, заедно за доброто на децата” на Гордана Стоименова,  збогатување на Паркот на револуцијата, “Откривање на млади таленти”, “Помош на децата со посебни потреби” и други.

Општинските власти ги поддржуваат идеите со кои градот се доближува до Европа.

Loading