ГОРДОСТ Е ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО

Ристески во Марфил

Месната индустрија “Марфил”, која постои повеќе од 15 години  во палетата има над 30 видови квалитетни сувомесни производи, застапени во цела Македонија. Сопствениците Звонко и Алберто Георгиески се класичен пример за позитивно менаџирање на компанијата. Градоначалникот Марјан Ристески со задоволство ги прими податоците за раст и проширување на производството, бидејќи компанијата е репрезент на градот, а локалните власти секогаш го поддржуваат и афирмираат домашното производство.

Браќата Георгиески добро “пливаат” и во бизнисот со архитектонско градежни камења. 

Loading