СТОКМЕНИ ВАГИТЕ ВО МОНОПОЛОТ

– Ќе се преземи и плати сиот род од кооперантите

“Тутунскиот комбинат ќе го преземе и во законскиот рок ќе им го исплати ланскиот род на тутунот на сите кооперанти. Тутунопроизводителите немаат место за стравување. Се окончува процедурата за одобрување на кредит и од понеделник ќе продолжи откупот на сите пунктови на Комбинатот”.

Ова го изјави Александар Дерменџиев, директорот на Комбинатот, кој објасни дека привремениот застој  на откупната кампања се должи на откупените исплатени количества во раниот и во предвремениот откуп и одолговлекувањето на процедурата за обезбедување кредит за откуп.

– Презедовме и плативме околу 1400 тутун, а се планирани 3000 тони. Откако ќе се одобрат очекуваните средства од кредитот, понеделнички ќе продолжиме со преземањето на родот. Нема да остане непреземен и неплатен ниту еден килограм од сите наши кооперанти. Просечната досегашна откупна цена е околу 172 денари – изјави Дерменџиев.

Тутунскиот има одредени резерви најквалитетен обработен лански тутун кои се  лагер и не е повисок од 10 до 15 отсто од  реколтата и откупените количества од 2013 година.

– Зголемено е производството на ориентален тутун во Бугарија, Грција и Турција за 30 отсто, од една страна. Со тоа паѓаат побарувачката и цените. Од друга страна, опаѓа потрошувачката на цигари за пет проценти. Таквиот амбиент има свое влијание врз побарувачката на тутун. Плус, откупивме 45 отсто од планираните количества, а останатите откупувачи презеле околу 30 проценти. Тоа предизвика расчекор кој се надмина – рече Дерменџиев.

Инаку, првиот човек на Комбинатот очекува за најмногу два месеца да се потпише договорот за стратегиско партнерство со интернационалната компанија Филип Морис и за кусо време потоа да тргне продукцијата на нивните брендови цигари. 

Loading