ЦАРИНЕЊЕ АВТОМОБИЛИ ВО “ТЕРМИНАЛ”

ДООЕЛ-от на Комуналец, Терминал, од лани, во соработка со Царинската управа ги обезбеди сите критериуми и законски услови за овозможување на царинење на увезени автомобили од странство во Прилеп. Со тоа, на граѓаните им се релаксира амбиентот. Не патуваат по другите градови, а и не се изложуваат на вонредни, непотребни давачки. Веќе се царинети многу возила, а на граѓаните име се заштедени дополнителни средства за патување. Да не се зборува за загубеното време.

Покрај автомобилите, во Терминалот се завршуваат и царинските формалности на увезените други превозни средства за бизнис секторот, како камиони, автобуси, комбиња, приколки, подвижни градежни машини…

Според директорот Миленко Најдоски, бизнисмените и индивидуалните увозници изразуваат задоволство од поедноставувањето и олеснетите околности, бидејќи времето ги чини пари, им е скапо и секогаш им недостасува. 

Loading