ОРАФ НА АСФАЛТ ВО ТРИЗЛА

Асфалтната покривка на улиците “Кораб” и “Дабнички Завој” со површина од 1500 м2 ја стави во употреба министерот без ресор Неждет Мустафа во населба Тризла 2 во присуство на евроамбасадорот Аиво Ораф и градоначалникот Марјан Ристески. Улиците се финансирани со два милиони денари од локалниот буџет и од проектот Ромска декада.

Мустафа најави продолжување на реконструкцијата на инфраструктурата на ромското маало и асфалтирање на сите девет улици.

Градоначалникот Марјан Ристески оцени дека асфалтот ќе го подобри квалитетот на живот на населението.

– Првпат во историјата граѓаните имаат асфалт под нозете. Европската унија вложува 30 милиони евра во населбата Тризла и во другите населби во Прилеп преку проектот за реконструкција на канализациската мрежа и градбата на пречистителната станица – рече Ристески.

Градоначалникот Ристески го запозна Ораф за проектите што се реализираат во Прилеп со поддршка на ЕУ и со текот на градбата на џамијата во населбата Тризла.

ЕВРОАМБАСАДОРОТ НА ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ

На состанок на економскиот совет присуствуваше и евроамбасадорот Аиво Ораф, на кој членовите на советодавното тело,  разговараа за почнатите и реализирани проекти во 2013 година и за новите проекти и огласи од АВРМ. Се презентира проектот на УСАИД, “Бизнис без граници”, имплементиран од Бизнис старт-ап центарот од Битола и можностите за делумно пренесување во Прилеп. Се расправаше за проекти кои би се одразиле на развојот на стопанството годинава. 

Loading