ЛУЧЕСКИ, ПАК ПРВ

“Еурокомпозит”

Повторно на чело на државната компанија за наменско производство “Еурокомпозит”, е Никола Лучески, откако генералниот директор, охриѓанецот Климент Шеќеровски, овластен од Владата, по  неполни два месеци минати на челната функција, се повлекол по негово барање, бидејќи бил назначен за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

За вршител на функцијата директор, Никола Лучески доаѓа вторпат, откако речиси 5 години беше менаџер на компанијата, а беше заменик за време на раководењето на Шеќеровски. Засега никој не потврдува дали Лучески ќе остане на првата позиција или Владата ќе назначи нов директор на компанијата со 100 отсто државен капитал.

Инаку, загубарот “Еурокомпозит”, државата се обидуваше да го продаде во неколку наврати. Министерството за економија третпат го продолжи рокот за доставување на понудите на заинтересираните инвеститори. Рокот истекува на 15 јануари, по што ќе се знае дали има понудувачи кои ќе ја преземат компанијата со околу 300 вработени. На последниот октомвриски тендер ниедна од 4 -те заинтересирани фирми, кои тогаш подигнале тендерска документација, од кои две американски и по една од Хрватска и од Турција, не доставија понуда за купување на единствената наменска државна компанија во земјава.

Со надомест од 1.500 евра, се намалија вработените за 50-тина. Со тоа се олеснија финансиските проблеми во загубарот. 

Loading