117 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ШАРЛО

Одбележување

По повод одбележувањето на 117 годишнината од раѓањето на Методија Шаторов – Шарло, општинска делегација предводена од градоначалникот Марјан Ристески, денес ќе положи свежо цвеќе пред спомен домот во непосредна близина на театарот.

Годишнината од раѓањето на прилепчанецот Методија Шаторов – Шарло, кој бил роден 1897г. , а убиен во Пазарџик на 4. септември 1944г. , бил македонски комунист и национален деец, ќе се означи со положување цвеќе, најавува неговиот внук, Илија Димоски со што ќе се оддаде достојна почит.

Инаку, цели 50 години, поколенијата на Шарло го носеле товарот на својот грб за вистината за револуционерот, кој се борел за создавање на самостојна Македонија, но бил покриен со превезот на предавник на сопствениот народ. Во 1991 година испливале фактите и се покажале искривувањата во историјата.

За ликот и делото на Шарло се говорело на повеќе научни трибини. Објавен е и зборник со документи и материјали за неговиот живот и дело. 

Loading