Даниел Мелвил Македонска рапсодија 42

Виорот и вртењето во главата не траеше долго. За патниците, изгледаше како тоа да трае саати. Се најдоа во нешто како станица со чуден изглед, осветлена преку стаклената голема купола од пријатно весело сонце. Две варинарки им побараат да покажат што донесле со нив од времето од каде што дојдоа. Покажаа некои нивни спомени, фотографии и извесен број големи златни пари, мексикански пезоси, американски долари, па златни пари со поголем дијаметар од Јужна Африка, Кина, Австрија… Дарон им објасни:

– Овие златници се спомени од родендени или  од случки од насшот заеднички живот. Зедов повеќе пезоси, оти ги сакам. Пријатно ми е да ги гледам и да им го слушам звукот кога ги удирам едни со други, скокајќи ги дланките. Царинарките, чија должност беше да проверат дали некој донесол недозволени предмети од друго време, зедоа по еден од пезосите и ги разгледаа. На едната страна од монетите беше претставен релјефно орел со змија во клунот и натпис Естадос Унидос Мексиканос. На другата, ангел со раширени крилја, пишуваше 50 пезоси и тежината во злато, 37,5 грама.

– Убави се, се согласија двете функционерки, му ги вратија парите и постарата му рече:

– Можете да ги задржите.

Кога излегоа од “станицата”, Дарон се чудеше гласно:

– Ама како, во 3004 година оние две царинарки го зборуваат мексиканскиот јазик како ние пред  1000 години?

Инес се насмевна:

– Затоа и работат на местото каде што стигнавме. Знаат повеќе стари јазици од Мексико. Знаеја кој ќе пристигне, од кое време и со каква дозвола, зашто кога се патува низ времето, човекот не смее со себе да носи никакви документи од нашево време, никој не треба да дознае дека е тој патник низ времето. Таквите патувања не се импровизираат, туку се спремаат долго со помош на специјалисти, до најмалечки ситници.

– Видов кога се спремавме да тргнеме од нашето време во ова – рече Дарон, гледајќи љубопитно околу нив по улицата, па и се обрати на Изабела, млада и свежа, со која одеа рака в рака

– За тебе ова не е нешто ново, ти веќе си била овде.

– Да, кога дојдовме да ме спремат докторите пред тргање да се слеам во едно тело со самата себе од времето кога имав триесетина години.

Дарон почна да се смее гласно:

– Кокетарија, жено, не сакаш точно да кажеш колку години имаш, туку велиш неопределено “триесетина”!

Изненадени запреа пред скулптура, во средината од еден мал плоштад поплочен со прекрасен мозаик што претставуваше различни сцени од животот во Мексико на почетокот од 23 век. Маж и жена простум, се држеа за рацете и на подножјето од скулптурата во природна големина пишуваше на мексиканскиот јазик од истата епоха. Во слава на искрената љубов меѓу една жена и еден маж.

– Па ова сме ние!!, извикаа едновремено.

Инес потврди:

– Да, вие сте. Сторивте голема услуга на луѓето од нашево време, а и покажавте непоколеблива верност и љјубов едниот за другиот, па заслуживте да ви се крени овој споменик уште пред да дојдете во ова време. А онаа порта таму е главниот влез во вашиот имот, купен за парите што ги дадовте од продажбата на имотот во вашето време на нашиот човек кој е испратен таму на долг престој. Дојдете со мене да ви го покажам. Имате цела година пред вас да учите се што треба да се знае во нашево време, па да решите што ќе работите…, ако сакате некоја работа, оти од капиталот што го имате во банката, можете да живеете богато без работа.

 (продолжува)

Loading