Стилско копање на тутун

Одгледувањето и работата на тутун е здодевна и монотона. Се станува пред зори, некогаш се копаше на припек сонце, рачно се собираат, се берат листовите… Мачен е патот од расад до балиња тутун за предавање. Како и секаде, најважно е со кого работиш. Ако си во друштво, работата може да стане забава и времето да “лета”.

Овие прилепчанки, овековечени пред половина век, со паларии од слама, налик на мексиканските сомбрера, позираат меѓу тутуновите стебла. Не изгледаат тмурно, како да им “тежи на плеќи” мачната земјоделска задача. Напротив, бликаат од радост како да се на некоја плантажа во Куба. А Прилеп има доста сличности со тој карипски остров. Во лето климата е иста, тутунот е егзистенцијална кулура и кај нас, само ни недостасуваат пури, шеќерна трска, море и 50 километри до САД…

Loading