Смрт за инсектите

Со покачени температури, природно, несаканите гости, инсектите, доаѓаат дома и во градината. Комарците, мувите, стршлените, осите, пајаците и разните други инсекти, никој не ги сака дома, ниту да прелетуваат.

Постојат природни начини за бракање на инсектите. Потребна е стаклена тегла со широк отвор, а другите состојки се одбираат по сопствен избор.

Против комарци се потребни 5 капки есенцијално масло од лимон, еукалиптус и цитронела, половина лимон и половина лимета, исечени на парчиња, 2 гранчиња рузмарин, пловечка свеќа (мала свеќа во метален држач). Сите состојки се ставаат во теглата, без мешање, се долева вода до врвот, се става свеќата горе и се запалува. Теглата може да се чува на терасата, на прозорците и на другите отвори во куќата.

Мирисот на цитрус, може да се замени со лаванда и ванила.

Loading