Расположение со едно бразилско оревче дневно

Бразилскиот орев е јаткасто овошје пребогато со витамини, минерали, и растителни влакна. Содржи железо, калциум, витамин Б1, Витамин Е, огромно количество на фосфор, манган и магнесиум. Најзначајно е огромното количество на селен. Селенот е најсилен антиоксиданс, заштитник на човековите клетки од штетното агресивно дејство на слободните радикали и другите штетни агенси. Доколку преку храната не се внесува доволно селен, расте вознемиреноста, депресивноста, меланхоличноста и се добива хроничен умор. Со оптимални количества селен, подобро е расположението и општата здравствена состојба. Растот на расположението се должи на антиоксидативното својство на селенот, со што се подобруваат човековите ментални функции и се овозможува подобар прилив на крв во мозокот.

Бразилскиот орев содржи многу, многу селен. 100 грама има дури 1917 мцг селен, со што се надминуваат дневните потреби. Огромното количество на селен може да биде штетно, дури и токсичен. Затоа се дозира внимателно и тоа 1 до 2 оревчиња на ден. Со оглед на големината на плодот, едно оревче тежи околу 10 грама и ги содржи, па и ги надминува дневните потреби за селен.

За добро здравје, добро расположение и енергија по еден бразилски орев на ден!

Loading