Добра циркулација со…

Крвотокот претставува сообраќајна мрежа на телото. Хранливите состојки и кислородот се транспортираат до сите органи, срцето и мозокот, мускулите, кожата и сите останати делови од телото. Здравата исхрана го оптимизира протокот на крвта низ телото.

Во комбинација со вежбање, хидратација, контролирање на телесната тежина, и со одрекување од пушењето, некои намирници ја подобруваат циркулацијата.

Жар црвената пиперка е повеќе отколку зачин. Или црвениот пипер во прав им помага на артериите да се одржат во добра здравствена состојба. Ги опушта мускулите на крвните садови и се олеснува протокот на крвта, регулирајќи го притисокот.

Цвеклото е богато со нитрати. Помага во природно опуштање на крвните садови и во подобрување на протокот на крвта. Сокот од цвекло го намалува горниот притисок.

Јагодите, боровинките, брусниците, капинките, малините, рибизлите се богати со антиоксиданси. Посебно се добри за крвните садови. Тие ги штитат ѕидовите на артериите од оштетувања и спречуваат нееластичност. Помагаат во намалување на крвниот притисок.

Рибата е добра за срцето, особено мрсната, лососот, скушата, пастрмката, харингата и морските плодови полни се со омега-3 киселини. Го одржуваат крвниот притисок на оптимално ниво и спречувааат затнување на артериите.

Калинката е полна со хранливи состојки, особено антиоксиданси и нитрати, кои ја подобруваат циркулацијата, ги шират крвните садови и го намалуваат крвниот притисок.            Со тоа се испорачува поголема количина кислород и хранливи состојки до мускулите и другите ткива. Ова е е добро за спортистите.

Легендата вели дека лукот нé чува од вампири, а медицината утврдила дека ги релаксира крвните садови. Крвта тече поефикасно кај луѓе кои јадат храна богата со лук. Му се олеснува на срцето во напорната работа на пумпање на крвта низ телото.

Оревите се богати со омега-3 масни киселини и помагаат за непречено движење на крвта. Осумнеделното редовно консумирање ја подобрува еластичноста на крвните садови.

Грозјето не само што е вкусно, туку им помога на артериите да бидат здрави за протокот на крвта. Ги потикнува крвните садови да се опуштат и да функционираат поефикасно. Спречува крвта да стане леплива и да ја забавува циркулацијата.

Златно жолтиот зачин, куркума го зголемува производството на азотниот оксид кој ги шири крвните садови, го олеснува протокот на крвта.

Спанаќот ја подобрува циркулацијата со ширење на крвните садови. Едновремено се одржува еластичноста на артериите и го намалува крвниот притисок.

Цитрусите, витаминот Ц од овошјето, делуваат противвоспалително. Спречуваат создавање на крвни згрутчувања и ја подобруваат циркулацијата. Љубителите на портокали се среќници, бидејќи сокот го намалува крвниот притисок.

Loading