20 илјади саракстично боцкање на совеста

Живко Козар. мајсторот на карикатурата го прослави Прилеп

Југословенските весници се “тепаа” за делата

Пред повеќе од десет години замина од овој свет Живко Козар, (1931- 2013 г). прилепски карикатурист, кој го послави градот со објавување илјадници карикатури во полувековната творечка кариера. Неговите дела и ден денес се паметат кака саркастичен приказ на македонската, југословенската и прилепска јавност со авангардниот стил на потсмевње, иронија, сатиричен пристап главно со политичарите или со некои девијантни појави во општеството. Последните години од животот се отсели во Битола и како да му секна инспирацијата. Не црташе, но остави длабоки бразди, критикувајќи ги актуелните збиднувања. Нацртал повеќе од 20 илјади карикатури, објавувани во македонски и југословенските весници.

Необичните коментари насликани во карикатура, боцкаа како еж, стршлен, коприва. Со ентузијазам, “наивност” во идеите, создаде посебни, препознатливи црти. Карикатурата е специјална уметност, која навлегува во тајните на хуморот. Изучувајќи го занаетот на новинарската карикатура, Козар даде голем придонес со посебните видувања. Му беа забележани претседатели, министри, каралеви, спортисти, менаџери, директори, обични луѓе, и што ли уште не.

Му лежеа политичките теми. И другите му беа податливи, но политиката бараше најмногу критика. Карикатурите се различни. Има едно “човече” низ карикатура призмата и се следи темата. Зависно од актуелниот лик ја создаваше креацијата.

Официјално првата карикатура му е објавена 1956 година во Нова Македонија на тема за суецката криза. Црташе за сите македонски весници. Секаде му беа отворени вратите. За весниците беше чест да се има на страницита карикатура од Козар.

Талентот почнал да го негува во гимназиските денови во Прилеп. Ги црташе наставниците и соучениците. Револтираните наставници се обидоа да го избркаат, но сé завршило со намалено поведение, повторување и загубена година. Беше обвинет дека го нарушил авторитетот на народниот учител. Мус е токмеле да го бркаат од младинската организација. Страшно за тоа време, анатема. Невиден грев. Учениците се спротивставија.

Црташе портрети на Тито и Сталин на ѕидниот гимназиски весник.

Сакаше да биде вајар, ама заврши факултет за архитектура. И таму натежна цртањето. Зато едно време беше и директор во Заводот за урбанизам во Прилеп.

Велеше дека и архитектурата е цртање.

– Тешко е да се дојде до идејата. Не доаѓаше со седење и мислење. Идеше спонтано, на улица, од некој обичен гест на човек, па се става во друга конотација, да жегни, да “влепи шлаканица”… После е дарбата и цртањето – кажуваше Козар.

Имаше карикатура на американскиот амбасадор Батлер, кој врти приврзок на прст, а на приврзокот е Македонија.

– Се думаа да ја објават. После Батлер ја побара и му ја подарив. Најдрага карикатура ми е онаа за светските односи на богатите и сиромашните. Нацртав боси нозе. Тоа е неразвиениот свет, и една рака како му подава искинати чевли, како помош од развиениот свет – толкувае Козар.   

Беше потпишан на кориците на една книга за карикатури.

Не го интересираа партите, нуту СКЈ. Не сакаше заробеништво на некои принципи, партија, оти видувањата му беа широки. Сакал само да боцка со карикатурите, а луѓето тоа го хранело, го “јаделе” како алва. Беше скромен. Не сакаше експонирање. Доволни му беа  карикатурите.

Добитник е на многу награди. Прилеп го награди со највисокото признание, Трети Ноември. Витрините му беа полни со златни, сребрени плакети за своите карикатури, кои ги откриваат маските зад кои се кријат креаторите на “светот”.

Прилеп е расадник на карикатуристи

Пред Живко Козар, со светот на карикатурите биле Божидар Тодороски – Бодле, Миле Попоски, кој објавувал за скопски, сараевски, белградски и љубљански весници и Димитар Чудо. Бодле дури сликал и со бои за чевли.

Сите објавувале во македонски и југословенски весници, хумуристични приказни и карикатури.

Loading