ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (245) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Јованоски Стојанов Видан, роден 1909 година во с. Марул.

Сопругата Викторија родена во с. Плетвар во 1918 година, почина во 1990 година. Тие имаа три деца. Првиот Кирил роден 1943 година во Прилеп, во Скопје живееше до својата умирачка на 58 годишност и почина на 28 август 2002 година.

На 22 септември 2002 година по две недели почина и таткото Видан.

Неговиот втор син Тодор, роден на 3 март 1946 година, живее во Прилеп. Исто така, ќерката Марија, сега Настоска, родена на 1 март 1952 година во Прилеп каде што живее. Видан во чаршијата е познат како Видан Кондураџија према занаетот.

Јованоски Стојанов Блаже Мурџески, роден 1914 година од татко Стојан и мајка Јованоска Митрева Темјана Курелоска од с. Марул. Браќата Видан и Блаже Мурџески за време за Првата светска војна нивните родители Стојан и Темјана умираат во 1917 година од болеста колера. Или уште во тоа време наречено чумата каде во куќата Мурџеска умреле осум души.

Стојан, татко му на Видан и Блаже како бугарски војник ранет на фронто бил пуштен на домашно лекување од добиените рани си умрел дома во Марул кај Мурџевци. Нивната мајка Темјана умрела од колерата. Видан и Блаже останале сирачиња и заминале од с. Марул, се догледувале одалечени од родното село Марул.

Постариот брат Видан присвоен од една српска фамилија однесен е далеку, во Нови Сад – Петроварадин. Видан таму е порастен, таму стекнал занает кондураџија – чевлар. Но родниот крај не го заборавил. Се вратил во Прилеп, се удомил, оснивал и фамилија, отворил работен дуќан према занаето кој беше познат во прилепската чаршија како Видан кондураџијата Марулецо.

Блаже помалиот брат го зема, присвојува тетка му Маса, сестра на мајка му, омажена за Милески Трајан во с. Клепач. Блаже заштен од мајчината несреќа. Расти момче ергенче за женење. Маса тетка му и тетинот Трајан Милески Блаже го свршуват и го дават домазет за девојката Донка Бошеска во соседното село Ношпал. Донка домазетицата и домазето Блаже изродуват четири деца, сите женски. Благуна, Ваница, Петра и Ружа. Додека децата растат, мајка му се разболува и умира. Блаже таткото останува вдовец. Блаже се преженува за вдовицата Драгана од с. Клепач со две малолетни деца Пецо и Лена. Блаже и повторната жена Драгана има едно заедничко дете крстено со име Панда. Јованоски Блаже Мурџески Марулецот умира на седумдесет иедна година во 1985 година.

Раскажале повеќе лица за истава тема:

1.Митрески Јованче Мурџески од с. Марул 1908 – 1989, втор брачед на Блаже;

2. Петрески Ванчо Мурџески 1923 – 2013 Прилеп, втор брачед на Блаже.

Нивните дедовци по нивните татковци се родени браќа, Јован, Митре и Петре се родени браќа од Ристе Мурџески.

3. Бошески Микајло Писокалецо од с. Мојно  на Блаже му е внук од ќерка му Ружа.

4. Китановски Китан Ношпале од Гетеборг, Шведска;

5. Куртовски – Марковски Лазо Ношпалец од Гетеборг, Шведска;

6. Секуловска Васа Ношпалка по мајка е Велика, марулчанка од Јанковци, стари деленици со Мурџевци;

7.Талевски Љупчо од с. Ношпал, внук на Блаже од посинот му Пецо;

Убиен полјакот на сопственото село од страна на снопјарите од соседното село во 1958 година.

Овој текст ќе биде опишан без ниту едно лице спомнато од двете села поради настанот нема пристап за информации од двете страни така речено затворен трагичен не предвиден настан. Без никаков разговор со учесниците. Мое лично слушано од раскажувач од еден снопјар од убиците на соседното село.

Велјаноски Благоја стрико ни од с. Марул имаше ливада во близината на настанот за убиството на полјакот. Јас го слушав неговото раскажување кој бев присутен за кревање на стриковото сено со нашата запрежна воловска кола. Стрико ми Благоја со неговата воловска запрежна кола и Јанкоски Ладе со неговата воловска запрежна кола.

После половината на ноќта во еден неделни ден во летото, дато незабележано во 1958 година, татко ми ме пробуди од спиење и ми рече, денот е недела, неработен ден за во полето, строко ти ќе го крева сеното од далечната ливада, ти со нашата запрежна воловска кола ќе одиш да му поможиш на стрико ти.

Нема одбивање, колата е стремана и сите три запрежни тргнаме да одиме на стриковата ливада да креваме сено. Јас, Томе на тринаесет години знам да преку денот моите другарчиња ќе одат да играат фудбал пред ручек, откако водата ќе затопли, ќе одат на капење во убавите вирови во местото во Грамади или во Орев. На земјинава планета секое суштетсво си има свој природен закон, па исто така и сеното. Ние отидоме таму порано за да ги товариме колите додека сеното е омекнато, се товара поубаво, не боцка по телото.

Во тоа наше работно време намина еден човек кој собираше снопје и лееше вода од чешмата во нашата близина познајник на стрико ми Благоја и на Ладе Јанкоски и раскажуваше за настано кој се случил пред неколку дена и убиството на полјакот од соседното село.

Како тој што кажуваше да биле нешто роднини со убиецот. Убиството се догодило во утринското време. Овчарот туѓинецот од соседното село ги пуштил овците да пасат во стрништата во атарот на убиениот полјак меѓувреме селото на убиениот полјак имало донесено одлука наречена тембир да не смејат да пасат во стрништата овци се додека не се кренат снопјето од последната нива во нивниот сињор, атар поради снопјето на ожнеаната нива поради ожнатите снопови се прават стави а не во купови да не ги оштетуват овците ожнатите снопје.

Убиениот полјак и неговиот другар ортак полјак ги слушнале клопотарците и клакачките на туѓеноц овчар да овците се во стрништата во нивниот сињор атар отишле кај овчарот за да му ги истерат обвите од стрништа од нивниот сињор. Дошло до меѓусебно препирање и најверојатно и до физичка пресметка меѓу овчарот и полјаците. Во тој момент убиениот полјак како во одбрана е активирал пушката полна со сачми за врапчиња со одобреније одд ржавните власти да е имат како чувари му пукнал во нозете, паднал овчаро покосен на колена. Овчарот со скршеното колено преку повик побарал човечка помош.

Од неговиот повик за помош во близинатра работеле неговите роднини собирале снопје кога слушнале за помош од овчаро. Се истрчале со набодните в раце, ги нападнале полјаците од соседното село. Полјакот кој пукал со пушката и го ранил овчарот го отепале наместо. Неговиот ортак полјакот удрен, но ималс реќа со бегање го спасил живото.

На судот е наведено да биле повеќе напаѓачи на полјаците. Од страна на напаѓачите снопјарите е наведено да е само еден учесник тепач со име и презиме кој е одлежал затворската казна за убиство над полјакот со времето смалена казната. Тука има едно загонетно прашање ако навистина бил само еден учесник тепач сигурно одд ват аполјаци ќе бил совладан. Немало полјакот да биди убиен и вторијот полјак немало да избега? Како и да било овчарот остана алипен едниот полјак го загуби животот и мржата е третата работа. Старите велат неразмислувањето и инаетот сто кила сол јади.     

Продолжува

Loading