СРПСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ КАДЕ Е МАРИОВО ВО 1913 ГОДИНА

Легенда или вистина

Пред почетокот на Првата балканска војна, сојузничките балкански држави Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора потпишаа договори за груба поделба на Македонија, а остатокот на спорните области да се подели по завршувањето на војната со арбитража на Русија. Сојузниците се “согласиле” преку Втората балканска војна да се пренесе овој документ.

Има една приказна како Мариово останало во границите на денешна Македонија, за што пишувал Василије Трбиḱ кој подоцна станал градоначалник на Прилеп.

Србија почна да организира власт. Назначила шефови на регионите. Некој капетан Брајевиќ дошол во Прилеп за началник. По пристигнувањето, десетина селани, земјоделците од Мариово од другата страна на Црна Река од селата Витолиште и Полчиште дошле да прашаат во која земја се нивните села, во Турција или Србија или Бугарија или Грција. Му рекле дека ги испратиле соселаните за да знаат во која држава живеат. Брајевиќ, кој едвај знаел каде е Прилеп, уште помалку Црна Река и првпат слушнал за Мариово и селата, им одговори дека не знае ништо и ги пратил кај воениот командант мајорот Ненадовиќ. Тој пак, иако се претставувал како роднина на кралот, не можел да го најде Мариово на воените карти. И тој им дал сличен одговор како началникот Брајевиќ.

Подоцна Василие Трбиќ објаснувал дека овие одговори на цивилната и на воената власт предизвикале фатална грешка. Селаните отише да бараат одговор во Воден. Но грчките власти им одговориле дека областа припаѓа на Грците. Бидејќи и тие не знаеле точно, упатиле воена единица во Мариово. Војската стасала до Витолиште. После ја преминала Црна Река и дошла до селото Дуње, па се качила на Селечка планина на десетина километри од Прилеп. Кога дознал Трбиќ, без консултации со воените српски власти, собрал и вооружил 300 селани. Ги водел кон позициите на Грците и им отворил оган. Грчката армија, обесхрабрена, се вдала во бегство. Се вратила од другата страна на Црна Река, оставајќи неколку мртви војници. Борбата била запаметена. Грчките единици никогаш повеќе не се осмелиле повторно да ја преминат Црна Река. Сепак, поради окупацијата на Грците на десната страна на Реката, во подоцнежните преговори меѓу Србија и Грција во 1913 година, Србите морале да го дадат Лерин и да го предадат подрачјето Меглен. Поради непромислените одговори на своите власти, Србите загубиле поголема територија.

Loading