ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (243) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Пред почетокот на учебната година 1958/59 Јованоски Цветан кој беше фамилијарно пред една година од своите родители Илија таткото и мајката Петра направи куќа дива градба поред сточното пазариште во Прилеп. Јованоски Цветан Крушка фамилијарно се исели од Марул во Прилеп.

Наближува први септември, денот кога започнува новата школска година со отсуство на дотогашниот учител Трајчевски Спасе кој е заврши својата кариера како учител во с. Марул од почетокот на претходната година 1957/58 засега не ни е познато каде се вработи и каква работа има фатено Трајчевски Спасе. За нов учител за новата учебна година 1958/59 ќе биди дваесет ипетгодишниот учител Секо

лски Бранко од с. Алинци прилепско. Кој ќе е преземи училишната настава за целокупниот кадар на ученици меѓу кои во нив има единаесет нови ученици во прво одделение.

Заврши бизнисот во минус на денот Богородица Мала во с. Марул во 1958 година.

Денот беше уште од утрото многу топол народот после црквените адети враќајќи се од таму свирачите ношпалски Гоце, Мише и Благоја тапанџијата пред новата Колеска Мише нивни нов зет направија добар весел собир со песни и ора. Народот поготово младите си разотидоја кај своите роднини по куќи за на доручек.

После доручекот народо поново почна да се собира долу на сред селото каде и секогаж е собиралиштето музиката трешти младите развеселени фатени на орото или права корзо поред средселото облечени девојчињата 90 отсто во новата селска носија комплетно терзичката носија.

Во тоа предпладничко жешко време од Канатларци дојде прематаро – сокаро со неговите неколку различити сокови за растворање сокови натоварени на велосипедот. И се растовари под црницата Бошеска во близината на средселото, со него носеше и едно плетено од прачки кошница наполнета различити бомбони и шеќерчиња.

На прематаро сокаро или слаткаро сега му се потребни соработници за носење вода за правење сокови. Како ортаци за работа изнајде четири машки момчиња со возраст измеѓу десет и петнаесет години. Ортаците на Алексија беа следните: 1. Велјаноски Благоја Танески; 2. Јовчески Томе Велјаноски; 3. Јошески Дончо Котески; 4. Ристески Ванѓел Јанкоски заинтересирани лица за да заработат дневница пари.

Договорот меѓу сокарот водоснабдувачите гласеше направен на секоја донесена кофа со вода следуваше една чаша сок бесплатно. Ние слугарите за вода од дома зедоме по една кофа и почнаме да носиме вода, работата оди добро. Времето жешко, народот загреани од играњето, жедта им бара повеќе течност за ладење. Во близината нема некој природни извори за сузбивање на жедта.

Во тоа време во малото имаше само шест бунари, три кај двете куќи Павлевци, еден кај Чоневци, еден кај Блаже Танески, еден кај Алексо Бабјакот. Ние водарите носиме вода, се снаоѓаме, а имаме пречки од домаќините со рвениците водата и нив му треба за кување и миење на кујнските посуди.

Алексија сокарот алчен за пари мислеше на таа жештина од присутните гости на средселото ќе заработи повеќе пари. На нас водоснабдувачите ни го скрати договорот од една кофа вода ни се следува една чаша сок. Тој почна од две кофи со вода да добиваме една чаша сок. Цинично рече на крајот не ни плател во пари.

Ние не му верваме во неговото обеќање, ќе не изманипулира, ќе не понижи, осетиме дани ги скрати обетените чаши со сокови. Отидовме подолу кај градинчината Василоски, Дамјаноски, Котески и од Јанкоски Петре ги наполнаме од виро со матн авода помешана со жабуњак бистрици и калуѓерици плива во кофите. Народо го напушти местото кај сокарата, Алексо сокарот лут на нас, лут си замина, ние ги однесовме кофите дома, се вратиме на средселото за наш интерес и веселба. Прославата на средселото и без свежите пијалоци заврши мирно без нереди.

Свадбата на Петреска Зора Бабјакоска

Петреска Петрева Зора Бабјакоска родена пред дваесеттри години, растена и школована во Марул во мажењето прередено од својот помал брат Крсте пред една година со куќен договор и согласност од сестрата Зора и братот Крсте и нивните родители Петре и Трајана. Зора се омажи за Минчески Јованов Цане од с. Алинци, битолско. Внук од брат на Новаческа Јованица Ѓурѓа Димитријоска. Денот на свадбата беше сончев. Невестата Зора беше земана со запрежни коњски возила меѓу нив имаше и неколку моторни возила коли кое во тоа време ретко да се видат модерни коли, такви возила има поголемите претпријатија за услуга на службениците по потреба. Сватовите си размена гости првичиња. Изведено точно традиционално селска свадба.

Мажење на Рада Бошеска

Во половината на месецот октомври 1958 година Бошеска Радка оди на поседок кај нејзината прва брачеда од тетка е Спаса сестра на Цветанка Ордена Петрејца Кочоска Сиџимоска во с. Подмол. После една недела недела од поседалоко на Радка таа и избегува тука во комшиите за нејзиниот љубовник дваесетдве годишното момче Талески Блажев Микаил. После бегањето кај Микаел Аспроски домаќинот зето или момчето на Ордена Петре Кочоски Сиџимоски доваѓа кај Бошевци да стори абер да нивната ќерка и сестра пребега, се омажи непрашана за Микаел Аспроски тука во комшите.

Родителите на Радка, Борис и Цветанка заедно со петрески ванчо како заштитник од некаков случај одат во Подмол во дворот аспроски Цветанка во камуфлажа расплакана ја извикуват Рада за да се осигура дали со нејзина намерак и љубов е дојдена за Микаел Аспрески или е насила грабната. Кога Радаси е кажала вистината дека е дојдена сама без некое насилство Рада преоблечена во терзичката од золва си Мирјана лична висока растоита права глумица.

Цветанка расплакана лицемерно, нисто не мозам да столам, само да знам каде ќе живее ќелка ми Рада. Свато, свекоро на Рада имотлија во се и со овоштарник расадник набрал јаболка и е мири сваќата Цветанка и става јаболка во пазувите. Насобраните подмолци надарени мајтабџии како да растени прилепчани му довикуваат на Блаже не давај си јаболката сваќата на првичето со нив, а ти за твоето првиче за нејзиниот пречек ќе треба да купиш од кај Димитрија Илијоски ако се погодите за пазарот, се слушна голема смеа од подмолските мајтабџии насобрани во дворот Аспрески.

Свекрвата Спаса се јавува со неколку зборови и вели, нека не се лути сваќата, ние и го зедоме пиленцето и го оставиме седелцето. Ако сака сваќата уште пиленца ете и го седелцето, се слушна кај насобраните подмолски сеирџи уште подолготрајна смеја.

Со мирењето се заврши работата. Се размена првичина на двете страни во двете куќи. Поштовањето на сватовштината беше коректна од двете страни. За божикните празници во новата година 1959 младата и првата Аспроска невеста Микајлица Радка заигрува ороводец напреџија на орото. По сите традиционални адети припаѓа да го плата орото. Откако орото беше наплатено подмолците еснавци и мајтабџии, име познат неговиот карактер во чест на Блаже го фатиле во кола за мал циркус го кренале на раменици му ги собуја гумените чизми за бос по чорапи да поводи едно оро.

Кога му ги собуле еснафите на Блаже наместо чорапи да има на нозете Блаже нозете ги замотал со тутунарски сергии, се тргнало во смеја. Блаже не се устрамил од тоа нешто кажал да нозете многу му потат, а сергиите се подебели од чорапите, подбро е собират потта од чорапите. Блаже беше домаќин на место, позајмувал позајмици не барал позајмица од никого никогаш само им возвратил на мајтапџиите, криво клоца, шуто буца. 

Продолжува

Loading