БОРЕЦ ОДИ ВО БАРАЖ

Трета лига – Југ

Со натпреварите од 22. коло заврши Третата фудбалска лига – Југ. Првак сосема очекувано стана велешкиот Борец, со 9 бода повеќе од градскиот ривал Превалец. За Борец в сабота во Битола претстои бараж-меч за влез во Втората лига, против Влазерими од Кичево. Во последниот првенствен дуел, Борец – Локомотива 6:0. Други резултати: Превалец – Росоман 1:0, Марена – Ултрас 3:2, Младост – Бучин 3:1, Големо Коњари – Слога 5:2.

Табела: Борец 51, Превалец 42, Росоман 40, Големо Коњари 37, Питу Гули 30, Слога и Младост 25, Ултрас 17, Марена 15, Бучин 13, Локомотива 10.

Loading