ПРИЛЕПСКИ АВТОРКИ НА „ЖЕНИТЕ И ФОТОГРАФИЈАТА 2024“

Куманово

Шест прилепски авторки учествуваат со фотографии на традиционалната изложба на уметничка фотографија “Жените и фотографијата 2024”, организирана од фото клубот “Куманово” во соработка со ЦК “Трајко Прокопиев” и општината Куманово за меѓународниот ден на жената 8 март.

-Се одбележува меѓународниот ден на жената се слави неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии нé оставија без зборови. Нивната преданост и страст кон уметноста на фотографирање се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја носи нешто специфично, што го искажува видувањето и искуството на авторката. Секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само шанса да се восхитиме на фотографското уметничко изразување на жените, туку е  можност да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество –  велат организаторите.

Се претставуваат членки на ФКК Прилеп, Мери Бошкоска, Каролина Мицевска, Гордана Николовска Димеска, Хилда Белеска, Силвија Николоска и Елена Мирческа.

Loading