Аплаузи за прилепскиот театар на фестивалот „Нови Тврдина театар”

Ансамблот на театарот “Војдан Чернодрински” со претставата “Аудиција” од Галин, во режија на Владимир Милчин, во одлично издание се претстави на фестивалот Нови Тврдина – Театар, што по 11 пат се одржа во Чортановци кај Нови Сад. Актерите на крајот добијаа аплаузи по изведбата на амбиенталната сцена во вилата Станковиќ. Ова беше прво гостување на театарот на овој фестивал кој се одржуваше под мотото “Смета ли иднината на нас” со претстави од регионот, кои говореа за проблемите со кои се соочува човекот денес.

“Аудиција” зборува за копнежот за малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Актерите имаа пофалби за несекојдневното театарско доживување.

Играа, Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска,  Сара Спиркоска,  Јасмина Мицовска Станкоска,   Наташа Ачански, Илија Волчески,  Александар Тодески,  Игор Трпчески, Зоран Иваноски и  Михајло Миленкоски.

Loading