Театарот со “Хамлет” гостува во Загреб

Театарот “Војдан Чернодрински” со претствата “Хамлет” во режија на Бранко Брезовец гостува во Загреб, во театарот Гавела, каде на 10 септември ќе изведе две претстави. Гостувањето е во рамките на манифестацијата Еуријал 2024, која се одржува во два дела. Во есенскиот дел, отворањето е со претставата на нашиот театар, која отвора радикално, ново читање на шекспировото ремек дело.

“Хамлет” е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите “Во малиот дворец” на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест” на Васил Иљоски. Режисер е Бранко Брезовец, за костимите е задолжена Сузана Брезовец.

Играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански  и Ана Митоска.

Публиката ќе има можност во ова читање на Хамлет, да го проследи  нагласениот конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој Хамлет е заплеткан во измами, манипулации и лудило. Меѓутоа, мотивите од Чест од В. Иљоски и Во малиот дворец од С. Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани – се вели во образложението на претставата.

Театарот „Војдан Чернодрински неколку пати досега има гостувано во Загреб ( со претставите „Антица “ и „Глембаеви, уште една легенда”) во рамките на фестивалот „Еуроказ”.

Loading