МТЦ ЗОНА – МЛАДИНСКА ТЕАТАРСКА ЕНЕРГИЈА

Младински театарски центар Зона е новата младешка, креативна енергија во Прилеп. Функционира неколку месеци. Во предвечерието на новогодишните празници имаше успешен отворен час на кој учениците и едукаторите покажаа дека може и мора да се работи квалитетно, посветено и креативно.

– Младински театарски центар Зона нуди енергија, креативност и слободоумие за млади и прогресивни луѓе, луѓе со отворен дух и желба за спознавање и учење новини за театарската уметност. Тимот верува во подобро утре, оти е спој на младост и искуство и инкорпорирани иницијативи за градба, љубов, самодоверба, имагинација… Членовите се полни со визија и радост. Претендираат на квалитетни проекти. Затоа се високи очекувањата. Составот е од две групи, средношколска со 14, и основци со 13 ученици. Едукатори се професионалните актери Даниела Иваноска и Марија Спиркоска Илијеска, и Мартин Наумоски, професор по македонски јазик и литература – велат од МТЦ Зона.

Средношколската група ја имаше првата читачка проба за првата претстава “Чернодрински се враќа дома”, по текст на Горан Стефановски, а “Малиот принц” е проект за групата од основните училишта. Двете претстави ќе ја покажат силата и посветеноста на учениците и едукаторите и тоа дали во Прилеп тлее театарско – уметничко жарче и кај младата популација.

Ова се сериозни проекти. Затоа имаат соработници, пријатели и поддржувачи.

Loading