КОНЦЕРТ НА ХОРОТ БИТВОКС

Утревечер од 19 часот во киното Мис Стон целовечерен концерт ќе одржи битолскиот хор БИТВОКС (гласот на Битола). Ќе се претстави со одличен избор на композиции. Гостин на вечерта се Тин Поп Рокет.

Заситени од поспаноста во сите сфери, поради пандемијата, битолските врвни музичари професорите Марина Коруновска и Александра Ристовска ги споделија знаењата и ги пренесоа на младите и повозрасните ентузијасти да ја живнат градската културно-музичка монотонија преку создавање на поп-рок хор за возрасни. Хорот ја виде светлоста на денот во 2022 година со две аудиции и 40 љубители на пеењето. Сите аматери со огромно срце, љубов, основна музикалност, талент и волја за негување на поп-рок музиката ја почнуваа приказната за  хорот кој е ентузијастички музички одговор на возрасните. Хорот ги шири позитивните вибрации не само во Битола, нудејќи нов бран на надеж меѓу сите генерации. Приоритет е негувањето и промоцијата на популарната музика од сите ери, преку обработки на евергрини, познати музички нумери на светски изведувачи, но пред сé, во секој наврат, негување и оживување на квалитетната македонска музика, преку оригинални аранжмани.

Loading