„ЈАС И МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ“

Изложба

Во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” отворена е изложбата “Јас и моите пријатели”, на која се претставени десетина дела од уметникот Мики Трендафиловски и уште 35 минијатури од 35 автори од 11 држави.              

Сликите и цртежите се во разни сликарски техники, почнувајки од молив, туш, акварел, темпера, масло, акрилик и комбинирани техники. Тие се плод на креативноста на пријателите и колегите.

– Идејата е родена лани кога работев на проект насловен “Јас и моите пријатели за Тоше, за Крушево”, организиран од Спомен куќата на “Тоше Проески”. Во оваа време – невреме, кога владејат поделби на големи и мали, на вакви и онакви, кога во светот се водат непотребни војни, со моите пријатели испраќаме порака дека светот е доволно голем и дека сонцето еднакво грее за сите. Изложбата е без граници, без предрасуди и поделби на големи и мали, каде делата се мали по димензија, но големи по вредност и квалитет – вели Трендафиловски.

Loading