ЦРТЕЖИ ОД ЈАСМИНА НОВКОВСКА

Дваесетина дела се дел од изложбата на цртежи од Јасмина Новковска, изложени во ликовниот салон. Претставена е нова, современа, модерна, авангардна симболична уметност, пренесувајќи ја грчката, римската, египетска, романескна и исламска уметност.

Јасминка Новковска од Скопје дипломирала на ФЛУ. Специјализација на Националната академија во Софија и ги завршила и постдипломските студии по ликовна уметност. Имала неколку самостојни изложби во земјава, Бугарија, Берлин, Њујорк. Учествувала и на бројни групни изложби дома и во САД, Канада.

Loading