ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (191) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во летото 1919 година децата Толески Веле од Крсте и Илија од Никола ќе ги пасат воловите заедно со нивното врсниче Мијајле Мустрески утрото децава ги напоиле воловите вода на селската чешма во Чумово. Во пиењето на воловите кај чешмата  воловите ја заматиле водата. Во тоа време на чешмата перела Петрејца Бапкоска, се налутила и децата ги проколнала со зборовите, довечер коските во торба да ви ги соберат.

Децата ги потерале воловите на пасење надолу под село. За време на ручек пладнина децата воловите ги отерале на вода на чешмата Шопур по патот Прилеп,  Лагово, Ушине за битолско поле и битолско Мариово.      

Откако ги напиле вода воловите децата ги претерале воловите лево од чешмата преку реката чумоечка на садината за прележување во нивната близина имало ѓермански воен хангар, магацин со воена муниција од секаков вид. Децата Веле и Мијале во близината нашле несплодирана бомба и почнале да ја чепкаат. Мијале ја држел очекорено меѓу нозе бомбата, а додека Веле е чепкал бомбата, додека девет годишниот Николов Илија од страв се сокрил зад еден вол кој лежел во близината, гледал од зад волот. Бомбата експлодирала, од децата Веле нашле една рака. Од силната експлозија биле осмртени повеќе волови. На подалечните волови од силната експлозија му истекле очите, ослепеле, детето Илија бил отфрлен повеќе метра, рацете оштетени од силниот песок кој му направил лузни и си ги носеше целиот негов живот до неговата умирачка во 1986 година.

Настанал голем полски пожар, ги зафатил сињорите штавички, русечки и лагоскиот синор. На помош дошол многу народ, пожаро го совладале, го угасиле, на дел од децата му направиле погреб. Замислената душманка Петрејца Бапкоска како оцрнета душманка. И таа е пречекала нестреќата на децата со црната шамија разорлавена во косата и со солзи во очите. Во есента 1919 година се слуша поново и пискотници кај Толевци. Народот чумоечки трча поново кај Толевци кој со капа, кој со шамија в раце да видат каков ѓавол се опена кај Толевци. Се дозна да Методија Толески си починал војник во Битола сирак без татко Крсти и мајка Злата. Сега трча и Петрејца Бапкоска нажалено гологлава. Наредниот ден Методија е погребан во чумечките гробишта со пратка до последниот човек од с. Чумово.

После една година вдовицата Ѓорѓица Илинка бончанка од Семјеновци поново се враЌа како мајка со малиот Борис во роднот Бонче и се премажува за Дамчески Толе со кого оснива нов брак и градат нова фамилија. Божин разочаран од нестреќите од Првата светска војна во нивната куќа ги изгубува дват абраќа Ѓорѓија и Крсте, гробнина не му се знае. Двет евнучиња Веле и методија од братот Крсте, внучето Илија рането. Сега осуден со преголема казна за една кутија со тутун. Божин добива болки, тресење и умира во 1926 година.

По смртта на Божин неговата жена Митра Мамалигоска од Мојно останува довица со две деца, Крсто и Добра. Мајка му Божиница Митра за да ја намали сиромаштијата, децата Крсто и Добра ги остава на татковиот имот кај Толевци при деверот Никола и јатрвата Пеша за догледување и се премажува за вдовецот Колески Крсте во с. Марул со едно дете ранениче Чучуроски Ќире. Крсте и поред кој немал свое потомство со брачната другарка каранфилка од Аџиовци од с. Добрушево го оставила вдовец. Храброста и моралот на стрикото Никола била голема. Поред неговото дете Илија му останале на рацете четири деца сирачиња. Од братот Крсте се Неда и Сребра, од Божин се Крсто и Добра. Никола стрикото и стрината Пеша ја претргале сета трагедија, ги одгледале децата и ги удомиле. Стрината Николица Пеша е Шаповска од с. Бонче.

Божиница Митра сега Крстејца Колеска се прилагодила во новото живеалиште кај Колевци кои со Толевци створиле ново родство, светијованство. Во 1929 година Илија Толески се оженува за Бошеска Митрева Мара од Писокалците од Чумово. А Колески Ќире е поканет за да му биди мало деверче на венецо на Толески Илија. Ќерќите и внуците на Митра Крстејца секогаш идеја на гости кај Колевци и обратно. Митра Крстејца Колеска умре дома кај посиноко Ќире во пролетта во 1962 година во марул.

Влашките жени домаќинки кај Мицевци добија голема пофалба за подарокот на мрсните питулици односно за мекиците и за нивниот квалитет. Исто така кај Мицевци се слушна за задравствената состојба за некогашниот прв имотлија човек Танески Стојче да не е во добра здравствена ситуација, човек на 89 годишна возраст. Се слушна да надвор се делат колбасите. Децата излегоја први за да фатат ред за колбаси да земат.

Делачот на кобасите го одредуваат домаќините, овде делач беше Трајаноски Алексо Танески. Таневци се такви по карактер. Неосетливо си се држат родбински по тоа што во сите Танески домаќинства куќен делач кај нив беше Танески човек, делач да било булина за Коледе или колбаси за Василица, тоа е нивни природе нарав, карактер.

Василичарите од кај Таневци Мицевци продолжуваат кај Тодоровци. Куќа отворена, децата прават цивпиле, се вика благослов за Василица, музиката трешти, свири, Јованче Павлески како одмена на Алексо Бабјак. Со направени неколку ора и песни веќе делачот на колбасите Благоја Јолески на излезот од чардако дели колбаси и тука е поврзан со стара род Јолевци и Тодоровци се стари деленици. Василичарите задоволни весели ја напуштаат куќата од Тодоровци, одат во комшивската куќа кај Котески Тоде. Тоде сега е нов домаќин во неговата родна куќа. Поради брат му Ѓорѓија во есента минатата година фамилијарно се пресели во ново изградената куќа во оградата зад Таневци Трајановци. Василичарите кај Тоде беа пречекани домаќински. Децата со своите адети цивпиле во печката, викање суро и печење колбаси во печката. Возрасните со пијалок вино и ракија, а куќата развеселена со гајдата помешано со песни и ора.

Дојде време да се дели подарокот од домашино колбаси. Кај Тоде Коетски делач на колбасите беше Ванчо Петрески Бабјак, прв другар на Тоде од војната заедно служеа војници од 1944 до 1947 во Шестата бригада во МНОУБ.

Децата во прв ред земаат колбаси и одат во комшивската куќа кај Котески Петре. Овде ќе спомниме да во Марул сите го викаат Котески Пере додека неговите роднини го викаат Петре. Децата си ја знаат традицијата влегуваат прават цивпиле во печката викаат суро, суро во чест за празнико Василица.

Доваѓа и постарите василичари со музиката домаќинот Петре ги псолужува василичарите со убаво црвено кревко лисичино вино и ракија да бира кој што сака да се понуди. Алексо Бабјак ј анадува гајдата, се направија неколку песни и ора. Децата свикаа,  надвор Ванчо Колески дели колбаси, да одиме за во ред.

Децата кој добиваа колбаси ја напуштаат Петревата куќа ин а дваесет и пет метра одалеченост влегува во комшивската куќа кај Дамјановци. Само што излегоја музикантите и ораџиите од кај Петре во дворо Дамјаноски ги пречека зето Методија Мамалига мончанецот познат кај сите марулци. Веселбата кај Дамјановци беше пријатна како кај децата, исто така и кај постарите василичари. Старата баба Дамјаница Ристана си седи понастрана, гледа сеир и си се подмесмева. Додека децата прават цивпиле на ламарината, вртат кобаси во печката и одвреме навреме подвикнуваат за Василица суро, без викање нема колбаси.

Продолжува

Loading