ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (187) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Василичарите кај Колевци беа пречекани домаќински со вино и ракија. Децата расположени за вршење на адетите цив пиле надвикување за денот Суро и печење колбаси во печката. Времето си одминува. Се слушна гласот од децата надвор, се делат колбаси, ја напуштија собата и излегоја надвор, се наредија во ред за примање колбаси. Сите кои добија колбаси заминуваа право кај Колевци, Ќиревци последни остануваат групата со музиката. Додека дојде музиката кај Ќиревци децата ги направија адетите цивпиле, викотници со суро, пржење во печката колбаси. Имате побарување зошто немало булина, убаво ќе одела со колбасите пржени. Делач беше Димитрија Бабјак.

Кај Ќиревци се развија неколку ора и песни со вино и топла ракија. Зетови немаше во двете куќи од Колевци. Кај Ќиревци се приклучи за василичар и Стојко Велески. Откако се завршија сите адети домаќините Ќиревци ги изнесоја колбасите,  децата излегоја први се наредија во ред за колбаси, делач беше Јолески Благоја. Василичарите по напуштањето на ќиревата куќа одат кај Павлески Ванчо ловџијата. Само што влегоја децата одат право кај печката за да направат цив пиле и колбаси за да печат во печката запалена гори.

Децата се изненадија, се одступија. Ванчо се поднасмеа и проговори, деца не плашете се, тоа се загарите мој, бев на лов со нив, се испотија, ги искапав, ги подседлав и ги ставив под печката да се затоплат. Црнио загар се вика Алчо, додека помалото загарче се вика Зарив, тоа е младо штенче, ми го подари Феим ловџијата од Канатларци. Се осиромашив со загари. Двете лисичарки му пропадна лисичарнико во Каракамен, а додека Спасе загаро ми умре од старост. Со музиката дојдоја и постраите василичари. Ванчо ги одстрани загарите од под печката, децата си започнаа со адетите, прво направија цив пиле, викнаа повеќе пати суро – суро – суроо, ја отворија вратата од печката, почнаа да печат колбаси.

Василичарите за да извадат некоја смеја од Ванчо го прашуваа, не си на колбаси како зет кај Милан и да се стретиш со баџите. Ванчо дава одговор, те молам со Ширко и така и така. Додека со Блаже Макалоски од Мојно никако да го погодиме здравувањето. Двата сме осакатени во рацете кога ќе се здравуваме, рацете ги мрдаме како мандалото од камбаната подобро да се здравуваме со од магарено него ние со Блаже меѓу себе. Василичарите поднапиени, развеселени со ванчовите муабети се развеселуваат уште повеќе. Те моља, вели Ванчо, додека не си ја оштетив раката со пушката во 1942 година стален бев гајдаџија на сите мариовски сведни денови, имав многу мариовски пријатели. Надвор Јолески Благоја, василичарите насмеани ја напуштаат неговата куќа.

Василичарите од кај Горните Павлевци Петревци одат кај Долните Павлевци расположени со расказите од Ванчо ловџијата. Кај долните Павлевци како куќен домаќин е Јованче. Децата василичарчиња првата работа му е прават цив пиле, суро, печење на колбаси. Сега се гледа по нивните раженчина да се сити со печење колбаси, почна сé повеќе да се нижат колбаси на нивните ражени. Децата ја отворија вратата на печката, направија цив пиле без некој да ги потекнува, извикаа неколку пати суро, суро, суро. Додека децата ги правеа адетите од кај ванчовци дојдоја постарите со музиката – гајдата уште во разговор и смеја за со Ванчо.

Кај Јоновци василичарите беа пречекани со вино и ракија. Се направија повеќе песни и ора кај Јоновци. Се изнесоја колбасите, нарипаа децата за да фатат ред за колбаси. Делач на колбасите беше Алексо Трајаноски Танески. Василичарите ред по ред примамаа колбаси заминуваа од кај Павлевци и Јоновци за кај Мурџески Јованче. Кај двете домаќинства Павлевци немаше зетови. Јованче Мурџески малце по оделен од свои Мурџевци го стретиме новиот и прв зет, момчето на Марија Вишиноски, Пецо од с. Алинци, прилепско. Завршија сите адети василичарски со песни и ора со цив пиле и суро со подарок колбаси на василичарите. Делач на колбасите беше Димитриоски Милан. Од неговата куќа војникот на отсуство Богоја Мурџески заедно со Ќиро Танески почна заедно да шетаат низ село за средба со марулци без надокнада за василичарството.

Кај Петрески Ванѓел Бабјак беше гостин момчето на Лоринка, Пупески Ќиро од Добрушево познат од порано кај Марулци, стара деленица се со Тодороска Лазарица Пауна добрушевка. Василичарите расположени пречекани со вино и ракија. Децата си ја тераат својата работа, прават цив пиле, печат колбаси со викотници суро, суро, суроо. Ванѓел весел човек се смее со децата, сокршете ја печката, нова ќе купиме. На марулскиот тенеќеџија Глугур треба да му направиме арч.

Ванѓел гајдаџијата и песнаџија направи неколку ора и песни, неговата куќа многу се развесели на орате, се наватија да играат и домашните жени. Децата ја напуштија викотницата суро у свикаа, надвор се делат колбаси, излегоја да фатат ред за колбаси, делач на колбасите беше Јанкоски Китан.

Голема радост и гордост беше за помалите деца сите наоружани со теловни ражени за добиените колбаси, ги нижеа на раженчињата. Ако родителите на неговото мало дете не се во можност да шетаат со нивното дете ќе го прата со комшивските деца да шета и да собира колбавчиња, ќе ги нижи на раженчето, тоа за него ќе биди од голема важност, веселба, ете како и тоа е вредно да шета за Василица по куќи и ќе раскажува во подолг период и така се одржуваше таа традиционалност, наследство од постарите генерации.

Со доваѓањето на василичарите од кај Ванѓел Бабјак кај брато Петре Бабјак кај Петре гостин беше момчето на Петревата ќерка Весела Зенгоски или по стар прекар Волчески Ќиро прв зет од с. Ношпал. Гајдата на братот Алексо Бабјак пишти, оро се игра. Петре прв фатен на орото, клекни, заврти со шамичето. Децата си тераа своите работи, прават цив пиле со викотници суро, суро, весела куќа. Делачо на колбасите Колески Ванчо со тепсијата излезе во дворот, а по него први децата се стројат во ред за да добијат василички подарок колбаси. Сите василичари излегуваат од кај Петре замаат колбаси и заминуваат за кај Бошевци Горните. Но влашката фамилија од Штерија настанена во задружниот дом излегуваат жените нивни, ги пречекуваат василичарите со полна табле од прачки наместо колбаси со бисквити. Ќиро Зенгоски има стара рода во Марул. Петра Волческа мажена за Боже Танески отепан од арнаутските овчари во местото Долна Браненица во 1876 година.

Анѓеле Зенгоски, брат на Ќиро Зенгоски за жена ја има Бошеска Раца. Откако се заврши со примањето на бисквитите василичарите отидоја кај Бошевци Горните делач на бисквитите беше Павлески Јованче. Кај домаќините Горните Бошевци гостин зет беше момчето на Милица, Пупески Цветан од с. Добрушево, стара деленица на Тодороска Лозарица и на Ќиро Пупески, зето Бабјакоски. Цветан зето Бошески седнат во ќошот наружана трпезата со сé што треба да се пречека еден гостин.

Додека децата василичарчињата си ги гледаат своите интереси, цив пиле пред печката со викот суро, печење колбавчиња дојде и музиката, се направија ора и песни, се даде повик Богоја Танески дели колбаси. Децата нарипаа да одат надвор за да земат колбаси, а додека постарите василичари со своите помали деца и музиката останаа да се повеселат и послушаат историски работи од домаќино Коле, надарен историчар и добар родител и домаќин.         

Продолжува

Loading