ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (186) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Наредниот ден, на денот Василица како и секогаш, василичарите го започнуваат василичарското шетање, од околу 8 саатот од кај Јолевци. Кај Јолевци беше везден зето Милан Џелина кој правеше разговор со познатите марулски василичари. Кај Јолевци се раздаја колбасите, василичарскиот ден заврши, василичарите одат кај Димитријовци, таму беше виден зетот Маркоски Благоја Далипо познат кај марулци од порано поради мајка му Јана и е сестра на бабјачката Илица Петра Крушкоска. Василичарите од кај Димитријовци превоѓаат во западната маала Прва Бригада. Развеселени со музиката од гајдата на Алексо Бабјак одат право кај Николовци.

И покрај училишната настава се одвиваше нормално, редовните ученици беа на училишна настава, а додека василичарниот собир бројчано не беше намален со посетители. Бројот на василичарите беше потполнат од помладите посетители, деца василичари. Така да помали деца беа во групи водени од постари луѓе василичари со ражените на рацете. Павлески Јованче при себе ги имаше децата Славе нивни, Ќиро од горни Башевци и Гоце од долни Башевци Ценовци., Димитрија Бабјак ги носеше неговото дете Цане и Здравески Боше Чонески.

Ристески Методија Танески ги носеше неговото братче Алексо и братучед му Коста од Димко. Трајаноски Алексо Танески, неговото дете Ѓорѓија сега Џорџ и Димитрија од Јован Танески.

Василоски Алексо поред себе носеше повеќе деца, неговото дете Ќиро, Дамјаноски Димче и Митрески Крушкоски Благоја и Веле.

Јованоски Арсе го носеше стрико му Китан Јанкоски. Стеваноски Живко ги носеше неговото дете Василе и Јанкоски Тане. Јовчески Трајан со себе ги носеше брат му Цветан и брачедо Јовчески Гулаб.

Димитријоски Милан ги носеше неговиот посинок Петре и Јошески Данчо и Ќиро Јанкоски. Од влашките фамилии немаше василичари. За тој василичарски ден како најстар василичарски член беше Колески Стојко, 66 – годишен човек кој шеташе од почетокот до крајот низ селото Марул. Исто така Митрески Богоја Мурџески беше дојден на отсуство од ЈНА и со Танески Ќиро беа во душтво и ги прошетаа сите домаќинства заедно со василичарите низ селото за средба и навидум со марулци како слободни луѓе без некои подароци.

Наредниот ден, утрото на денот Василица околу осум саатот, како и секогаш соборот беше кај Јолевци. Василичарите направија средба со зето Јолески Џелино Милан, познат од порано кој работеше со отворањето на рудникот над Јолевци во годината 1955. Од кај Јолевци василичарите ја започнаа турнеата, шетната понудени со домашни колбаси. Делач на колбасите беше Јанкоски Китан. Џелинот Милан имаше свои роднини во Марул и беше расположен за разговор.

Милан Џелино не беше осамен без роднина во Марул. Митрески Јованче, Степан и Митите му се вујчевци, на мајка му Менка први братучеди и се од тетка на татко е сестра.

Велјаноска Ванѓелица Неда на мајка му Менка и е втора братучеда. Петреска Димитрица Драгица на Милан му е трета братучеда. Со мал престој кај Јолевци василичарите го продолжија патот за кај комшиите Димитријовци. Кај Димитријовци беше виден зетот на Аргида, Маркоски Благоја Далипо од Штавица. И Благоја беше познат кај Марулци исто и како Милан со работата во рудникот. Благоја и беше внук од сестра на Јованоска Илица Петра бабјачката Крушкојца.

Откако се направија традиционалните обичаи пред печката со цив пиле и викот суро, суро од страна на децата надвор во отворениот трем се делат василичарските колбаси. Делач на колбасите е Колески Ванчо. Василичарите со музиката – свирката преваѓат преку река зад Јанковци во Западно маало односно Прва бригада развеселени одат право кај Николовци. Децата се први василичари и започнуваат со адетите цив пиле и суро и почнуваат со печење на колбавчињата кои ги добиле дотогаш. Делач на колбасите беше Јолески Благоја.

Со завршувањето на василичарството кај Николовци василичарите, пред се децата први одат кај Мурџески Мите и таму ги прават истите адети со цив пиле надвор од печката со викање суро, суро, суро. Наложено е каде веќе нема гости зетови василичарите да прават пократок престој во домаќинските куќи за да василичарството заврши до два саатот после пладнина за да се оди дома за на ручек. Со завршувањето василичките адети кај Мите децата свикаа да надвор се дава колбасите делач поново е Јолески Благоја. Но, кај децата дојде едно изненадување наместо да се делат колбаси се дели парче свинска сланина за децата беше необично и месото го зема поарно нешто нешто него ништо. Децата василичарчиња го прашуваат делачо Благоја зошто нема колбаси, тој во смеа им одговара, затова што слабо сте викале суро, само по еднаш, треба да викате три пати суро – суро – суро, тогаш ќе има колбаси. Проблемот со колбасите било во тоа што крмакот бил заклан покасно, колбасите не биле досушени.

Постарите василичари со нивните деца и музиката заминаа последни од кај Мите. Кај Степан комшијата е направено цив пиле, се вика гласно суро, се печат трошките од сланината. Раженчињата уште се празни поради се има поминато малце куќи. Само што дојдоја музикантите се расчу гласо пак од децата да надвор се делат колбаси. Значи децата погласно викале кај Степан и затова добија колбаси. Делач на колбасите беше Алексо Трајаноски Танески. Така одлучила домаќинката Степаница Божна Џамоска прилепчанка. Поради баба му на Алексо Ризојца Аца била Карандеска од Прилепец.

Василичарите весели, распеани одат кај деленицата и стрико на Степан Мурџески Јован со музиката. Куќа без зетови се слушна гласот на децата суро – суро и тропањето на металните ражени каде се печат колбавчиња од постарите за помалите. Цив пиле се направи само во печката затова што патосот на куќата е од штици, куќата е од визба. Василичарите беа почестувани со вино и ракија додека децата со цив пиле печење колбавчиња во печката и со нивниот глас суро. Се разнесе гласот од децата во дворот, колбаси дели Димитрија Бабјак, школски другар на Атанас од нивното време во подмолското училиште од 1934 до 1938 година.

Василичарите со музиката и песни од кај Јован одат кај брат му Цветан Мурџески. Тука кај Цветан поред старите зетови Цане Сиве од Добрушево и Глигур Максим од Шелеверци го видовме и новиот зет, момчето на Илинка, Ќиро Пецакоски од с. Трап. Цане и Глигур двата гајдаџии се изредија со по неколку песни и ора. Цане познат од порано кај марулци поради маштеа му Таса е марулчанка сестра на Божин Јолески. Се зинесоја колбасите за раздавање. Децата ги направија адетите цив пиле, суро и печње на колбаси и излегоја да чекаат ред за колбаси, а постарите се поздравија со мурџеските зетови излегоја надвор, го зедоја следувањето колбасите заминува кај Колевци. Делачо на колбасите Тоде Котески му ја врати тепсијата на нунчевите и замина за кај Колевци немаа направено нова куќа, живееја во старата куќа уште од времето на бегот Емин од турско време, покривот беше од старите керамики. Новата куќа ја направија во летото во 1958 година.

Продолжува

Loading