НОВОГОДИШНАТА НОЌ НА ПЛОШТАД СО ОГНОМЕТ

Преминот од старата во новата година со спектакуларен огномет и забавна програма ќе се дочекува на плоштадот. Локалните власти приредуваат новогодишна заедничка прослава два ипол часа, од 21:30 часот со настапот на ДЈ, Дејан Пете, во 22:30 со групата Балканика, а во 23:30 ќе забавува популарниот рок бенд Д Хаундс. Кога ќе се поклопат стрелките на часовникот, огномет во разно-разни колори, чад, татнежи, распарана темнина со детонации, ќе го осветлат небото на градот. Градоначалникот Борче Јовчески ќе биде дел од новогодишна журка со насмеаните лица од сите генерации.

Инаку, дента на 31 декември во 11 часот, најмалите ќе имаат можност да проследат детска програма на плоштадот. Децата ќе се дружат со актерите во претставата Дружината на Снешко Белчо и да играат и пеат со со малите интерпретатори од детскиот фестивал Весели ѕвончиња.

Локалната самоуправа организира декорирање на центарот со новогодишна облека, со елка, волшебни светилки, лампиони…, да го збогати новогодишниот амбиент и атмосферата.

Loading