Измама за виза


37-годишен прилепчанец бил измамен од Д.М. за 60.000 денари. Според пријаватаво МВР, тие се договориле Д.М. да му извади три визи за странска држава за 5000 евра, по што веднаш му дал 60.000 денари. Според пријавеното, по неколку дена Д.М. му испратил потврда дека му е закажано интервју. Набргу потоа, Д.М. му побарал уште 160 долари за здравствено осигурување. Откако тој проверил во амбасадата, му било кажано дека не се плаќа за издавање виза, по што тој му побарал на Д.М. да му ги врати парите, но тоа не го сторил до пријавувањето.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading