В ГОДИНА СО МЕЃУНАРОДЕН ШМЕКТ

20.ти Карневал Прочка 2022

По двегодишна пауза заради пандемијата со корона, се одржа 20 – тиот карневал Прочка 2022 со учество на преку 500 маскирани учесници, во повеќе од 15 групни маски.

– Скромно, но сепак во духот на вековната македонска традиција го одбележуваме денот Прочка. Годинава, исклучиво учесниците се од Македонија, но се надеваме, по прекинот на здравствените протоколи, в година ќе имаме уште поголема масовност со повеќе учесници и меѓународен карактер – рече градоначалникот Борче Јовчески.

Традицијата продлжи и со “Прилепските мечкари” кои се бренд на карневалот Прочка.

Гости имаше од Кавадарци, Пробиштип, Злетови, Охрид и Куратица.

Loading