Игор Крстески е новиот вршител на должност директор на Јавното комунално претпријатие „Пазари“.
Крстески е дипломиран економист и има долгогодишно работно искуство во областа на бизнис секторот и телекомуникациите. Доаѓа на местото на досегашниот директор Кристијан Илиески, кој што поднесе оставка од функцијата.