МАРКО РИСТЕСКИ (13) ГО ФАТИ КРСТОТ

Светиот крст на Богојавление Водици од базенот во дворот на прилепската црква „Свето Благовештение“ го фати 13 годишниот Марко Ристески. Тој е ученик во 8 одделение во ОУ „Рампо Левката“ и беше најсреќниот меѓу дванаесетте деца кои учествуваа на положувањето и фаќањето на крстот кое годинава се изврши во дворот на црквата во новоизградениот базен односно фонтана.

 Здравје и среќа на сите прилепчани, им посака градоначалникот Борче Јовчески кој се надева дека заради пандемијата, догодина ќе има помасовно прославување на празникот Богојавление Водици.

Loading