УЗДА НА МОЌТА

Колку за потсетување: Македонците се Пелазги (староседелци – белци). Грците се дојдени од Африка. Бугарите немаат ништо заедничко со антиката. Словените во Македонија се всушност Македонците во времето на ромејското империјално владеење. Доаѓањето од “зад Карпатите” е злонамерна лага. Старословенскиот јазик е заснован врз темелите на јужно-македонскиот говор. Во битката кај Платеа, Александар им помогнал на Грците и од благодарност го нарекле фил-хелен (пријател на Грците). Значи, не бил Грк. И со нелигитимниот преспански договор им се подари богатата македонска антика на Грците, а Бугарите немаат право воопшто да дискутираат за јазикот.

По нечија логика, на новото име со придавката, потребна и е и нова историја.

Копретседателот на историската македонско-бугарска комисија кој цел работен век ја предава македонската историја вели дека македонската историја била фалсификована. За гревота е човеков.

Во “Македонска крвава свадба”, Цвета доброволно отишла во харемот за богат живот. Што ќе í е Спасе.

Крушевската Република траела 12 денови, додека Турците не се вратиле од годишен одмор.

Македонските претставници не биле поканети во Јајце на 29 ноември 1943 год за АВНОЈ. Колку Зиков експресно ги решава заблудите од минатото.

Уште едно значајно откритие: “Глигур Прличев е много шетао, а исто и Кирил и Методиј”.

“Ќе имаме пријатна понуда за Бугарија” – изјавија нашите претставници.      Ставете граница на вашата моќ и правете разлика меѓу личната понуда и државниот интерес.

Ќе оделе со власта во интерес на евро-интегративните процеси. Тогаш ќе научите што е тоа малцинство и кој е доменот на неговите права и обврски.

Срамниот пазар за мнозинство е политички ураган кој нема да може да се контролира. Поединци или заедница кои со неверојатна леснотија го бришат своето минато, не можат да изградат иднина, оти во таа иднина нема што да вградат. Робовскиот менталитет е наметната обврска за сите оние кои не веруваат во сопствените вредности. Ние го примивме ропството како начин и филозофија на животот, со измамени чувства, посрамени, со ограбено сознание. Дали ако потропам, ќе ја разбудам нивната мамурна патриотска свест.

Филозофот Фридрих Ниче се пофали: “Како со нож го пресеков своето минато”. Таков чин на сечење на минатото секогаш се одмаздува. Зарем токму тоа не го полуде Ниче.

Нашиот Ѓорче Петров порача: “Македонците ќе извршат предавство на својата татковина, ако останат неми сведоци на нејзината смрт”.

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading