Новите локални власти откриваат
Новите локални влати објавија дека Општината има долг од речиси пет милиони евра. Според Ирена Стерјоска Локвенец, заменик градоначалник, Општината има обврски од 292.562.164 денари. Оставените високи обврски можно е да го доведат под ризик извршувањето на буџетот в година.
-Ризик фактор за буџетот се судските спорови, посебно со изведувачот на мостот на улицата “Трајко Николоски”. Своевремено реагиравме за сомнителни постапки, но сега се потврдува со документи. Со првиот договор е пробиент рокот, па е склучен анекс, со што мостот е поскапен за 70 илјади евра. Во меѓувреме, мостот го пушти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ама објектот потоа добил нов анекс договор, со кој се поништува претходниот и вредноста достигнува приближно 600.000 евра – вели Стерјоска Локвенец.
Интересни се давачките за привремени вработувања. За оваа намена од 2018 до 2021 година се потрошени околу 1,1 милион евра. Тоа е потврда на кадровската политика. Колку за илустрација од 2013 до 2017 г. за привремени вработувања се потрошени околу 90 илјади евра. Поради високите трошоци за привремени вработувања намалени се парите за капитални проекти.
– Другите финансиски ризици и можни злоупотреби ќе ги истражат соодветните правни, финансиски и ревизорски инстанци – рече заменикот на градоначалникот Ирена Стерјоска Локвенец.
![]()

