ЗА МАКЕДОНИЈА РЕШАВААТ СИТЕ, ОСВЕН МАКЕДОНЦИТЕ

Филозофот Еразмо Ротердамски ја напиша “Пофалба на глупоста”, според кого основата на секое цивилиозирано општество е лагата. Се лажеме себе си и ги лажеме другите. Достоевски би продолжил: “Ќе дојде ден кога толеранцијата ќе се издигне толку високо, што на паметните ќе им биде забрането да зборуваат да не ги навредат глупавите”. Тоа е парадокс со кој живееме. Слушам и се чудам. Нелегитимниот Преспански договор требало да го прифатиме како реалност. Фалсификат не е синоним за реалност и со ништо разумно не може да се оправда. Политичките партии и поддржувачите на Преспанскиот договор добија вечен непријател. Тоа е онеправданиот, понижениот и идентитетски збришаниот македонски народ. И во иднина, на секакви избори, референдуми, резултатот ќе биде секогаш како на последните локални избори. Македонскиот народ ќе го врати ззгубеното, а не калкулациите на политичките партии. Начинот на носењето на Преспанскиот договор е спротивен на принципите и вредностите на ЕУ. Не ја разбирам потребата од толку отстапки за толкаво ништо.

Живееме во безумноста. За тоа не е виновен оној што ја создал, туку оној што ја прифатил како реална.   Кој сé не ни соли памет за чесност, за европски вредности, за прогресивни и регресивни сили. Разговарал со САД и ЕУ, а срцето и умот му велеле дека тој е тој од чија одлука зависи иднината на Македонија!?. Ако тој и тие околу него се олицетворение на европски вредности, мене таква ЕУ не ми треба. Можеби тој е идниот амбасадор во САД. И треба да биде. Не смееме лажно да се претставуваме пред светот. Не би требало светот да има погрешно мислење за нас!

Не знам зошто толку запнале за предвремени избори. Да ги вадат жешките костени од уништенадржава до темел и збришан македонски народ. Зошто толку брзање. Дајте им шанса да се досрамат.

Граѓаните се делат на оние кои се срамат и оние кои допрва ќе се срамат. Уште Аристотел сватил дека најлош облик на демократија е оној каде не владеат законите, туку обичното мнозинство.

Што со Бугарија? Ќе бидат против терминот “бугарско малцинство”, затоа што тоа значи признавање на постоење на не бугарско мнозинство. А Бугарите продолжуваат да ја негираат македонската нација. Ќе пробаат со “дел од бугарскиот народ кој живее во Македонија”. Македонската страна треба да одговори со “дел од македонскиот народ кој живее во Бугарија”. Реципроцитет!

Оскар Вајлд би рекол: “Колку си мудар драги мој. Ти никогаш не го мислиш она што го кажуваш”. Девојката му рече: “Подобро би било да ме предадеше мене, отколку што ја предаде својата земја и својот народ. Јас полесно би ти простила”.

ПРИМ.СПЕЦ.ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading