ИРЕНА СТЕРЈОСКА ЛОКВЕНЕЦ Е ЗАМЕНИЧКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Советничката и претседател на комисијата за финансирање и буџет, Ирена Стерјоска е заменик градоначалничка.

Градоначалникот Борче Јовчески свечено и го врачи решението на Ирена Стерјоска Локвенец со кое е назначена за заменик градоначалничка на Општина Прилеп во случаи на спреченост или отсуство, во согласност со постапката утврдена со статутот.

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 4 ОУ

Четири основни училишта добија нови директори. Назначени се нови директори: на ОУ “Гоце Делчев” е Снежана Котева, на местото на досегашниот директор Веле Ѓорѓијоски. Со ОУ “Добре Јованоски” ќе раководи Панде Николоска, наместо Сузана Дарковска. Нов директор на ОУ “Рампо Левката” е Жарко Бабаноски, место Менче Аџиоска. И ОУ “Круме Волнароски” во населеното место Тополчани има нов директор. Назначен е Дејан Бунтески на местото на Јасмина Караниколова.

Loading