ЈАВЕ ЗА СКУЛПТУРИ ВО ДРВО

Дваесетина скулптури во дрво, фотографии од скулптури, се изложени во  ликовниот салон во ЦК “Марко Цепенков” на ретроспективна изложба на скулптури во дрво, со што се одбележуваат 50 години континуираното творештво на Интернационалното студио за пластика во дрво што го организира Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

В присуство на градоначалникот Борче Јовчески, изложбата ја отвори Јана Јанеска Ристески, историчар по уметност. Според неа, уметниците континуирано оставаат дела кои ја отсликуваат креативноста, уникатноста и иновативниот карактер.

-Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се сугестивни и отвораат простор на индивидуална авантура, дела кои отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации – рече Јанеска Ристески.

Loading