ТРАНЗИЦИСКО ВРЕМЕ НА СЦЕНА

По премиерата на „Светулки

Svetulki

Ансамблот на театарот ,,Војдан Чернодрински,, премиерно ја прикажа првата претстава од годинашната програма ,,Светулки,, по текст на  Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова. Се изведе модерна претстава, со дејствие сместено на аеродром, што асоцира на слобода на движење, дава идеа на нови доживувања и можности. Актерите на своевиден начин низ режисерската палка на Милошевски – Попова играа приказна на местото на среќавање, овозможувајќи да се комуницира со непознати лица, непланирани средби, каде што се застанува еден на друг на пат и се влијае врз судбините и плановите.

Режисерката Милошевски – Попова одлично ја пренесува драмата, ги преиспитува животите на луѓето во еден временски расчекор, во тек на бура, со фокус на моментната стварност на протагонистите, кои се соочуваат со себе си во тоа бескрајно чекање на аеродромот. Испливуваат вистината, соочувањата, оттуѓеноста на модерниот човек во современото општество, при што се поставуваат низа на прашања и се даваат одговори…

Актерите,  Даниела Иваноска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Марија С. Илијеска, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Јасмина Мицовска – Станкоска, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски и Елена Иваноска, успешно го пренесуваат дејствието, одговарајќи на прашања и неизвесности кои постојано демнат.

Во претставата беа вклучени и сценографот Валентин Светозарев, костимографот  Роза Трајческа – Ристовска, авторот на музиката Ирена Поповиќ – Драговиќ, драматурзите Ивана Нелковска и Лидија Митоска – Ѓорѓиевска и кореофрафот Игор Киров.

Loading