ВТОРА НАГРАДА ЗА ТОНИ ПАВЛЕСКИ

За песната ,,Вечната идеја на надежта,, нашиот поет Тони Павлески се закити со втора награда на осмиот меѓународен поетски фестивал ,,Литературни искри,, во Гостивар меѓу 126 автори од седум земји.

Се пее за надежта, како водилка низ животот.

-Надежта секогаш наоѓа сили за нови подвизи и истрајности покрај многуте животни лузни – вели авторот.

Павлески трипати стигнал до најдобрите 12, но  сега првпат освојува награда.

Loading