КНИГА ЗА МАНАСТИРОТ СВ. ГЕОРГИЈ ВО ПАШИНО РУВЦИ ОД ЦВЕТКО РУЛЕСКИ

Cvetko RuleskiМанастир Св. Вмч. Георгиј е насловот на книгата која авторот Цветко Рулески ја посвети на божјиот храм во селото Пашино Рувци. Монографското дело, низ текст и фотографии, говори за ктитор е Живко Кочоски.

-Бев воодушевен од убавината на храмот, распослан врз рамното и плодно Прилепско поле. Затоа го опишав во монографија преку која граѓаните и иселениците ќе бидат предизвикани да го посетат и да уживаат во убавините. Зашто запишаното останува за генерациите – вели Рулески.

Со благослов од црковните лица се собирале податоците за откривање на темелите на старата црква и изградбата на манастирот.

-Даден е кус опис на обршанската парохија. Опишани се манастирите во соседните села со фотографии. Во вториот дел е опишан манастирот Св. Георгиј, од откривањето на темелите на старата црква, изградбата на манастирската црква врз постојните темели, осветлувањето, градбата на конаците, уредување на просторот, осветлувањето… Сето тоа е илустрирано со фотографии. Третиот дел е посветен на говори за патронот Св. Георги. Се пренесува празнувањето на Ѓурѓовден. На крајот се податоците за сите манастири во земјата и во странство со името Св. Георгиј – вели авторот.

Пензионерот Рулески, кој завршил Филозофски факултет, работел во Министерството за одбрана. Автор е на монографиите Фудбалски клуб Партизан – Обршани 1947 – 2005 и Обршани – Корени дамнини.

Добитник е на наградата на општина Кривогаштани во 2005 година.

Loading